Во сабота на 3 јули Месечината преминува во бик и ни носи одлични вести на полето на финансиите. Ни помага да ги сочуваме финансиите, да бидеме рационални, а за некои од нас доаѓа и до зголемување на приходите. Од суштинско значење ќе ни бидат сигурноста, стабилноста и семејната хармонија. Ова е ден кога ќе бидеме сосредоточени на својот дом и семејство. Максимално уживајте во овие моменти.

Уште нешто добро во сабота е секстилот на Месечината во бик со Јупитер што значи дека ќе привлечеме финансии во својот живот.

Недела не е најдобар ден за љубов бидејќи Месечината е во квадрат со Венера и ни носи конфликтна енергија. Можно е незадоволство во романтичните врски и да ни биде тешко да се поврземе со другите. Исто така, Месечината во конјункција со Уран може да предизвика недостаток на внатрешна рамнотежа, неразумност и чудни навики. Но, истовремено, можни се и нови контакти или нови романтични љубовни врски.  Среќата ни доаѓа на крајот на викендот.