Досегашниот играч на Вардар, Александар Ѓурковски е нов член на тимот на Шкупи.

Играчот кој „оперира“ по десната страна имаше голема минутаќа во изминатиот период во Вардар, и со самото, тоа ги привлече повеќето прволигаши кај нас да се заинтересираат за неговите услуги.

Тој се реши да се пресели на Чаир, кае што ќе работи под водство на Гоце Седлоски. Ѓурковски може да игра на десната бековска позиција, но и на позицијата стопер, па Седлоски во него гледа секако опција и за двете места.

ФОТО: КОЧО СОТИРОВСКИ

 

sportmedia.mk