Муштерија во еден ресторан за брза храна во американската сојузна држава Њу Хемпшир оставил добар бакшиш, и тоа во износ од 16.000 долари за само два изедени хот-дога сосе помфрит, објавија локалните медиуми.

Келнерот не забележал дека купувачот, покрај 37,93 долари колку што чинеле два хот-дога со чили сос, помфрит и пијалак, оставил уште 16.000 долари.

„Немојте сѐ одеднаш да потрошите“, рекол муштеријата, кој платил со својата картичка.

Вработениот на каса изненадено му рекол на клиентот: „Боже, дали сте сериозен?“

Во Соединетите Држави е обичај бакшишот да биде во износ од 15 до 20 проценти од сметката, објавија локалните медиуми во саботата.

„Сакам да имате корист од тоа, напорно работите“, рекол неименуваниот клиент додека го напуштал ресторанот, кој неколку месеци бил затворен поради епидемијата на коронавирусот.