Германци се искршија од играње на македонска песна (Видео)

19.10.2022
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Германци се искршија од играње на македонска песна (Видео)

„Море сокол пие“ трешти во Минхен, а публиката игра ли игра. И да нема дилема, во публиката само десетина од нашите краишта сите Германци, од прв до последен. А оние на сцената?! И меѓу нив нема наши.

Песната ја пее девојка од Сицилија, а свират Грк, Французин, тројца Шпанци и еден Србин. И станува збор за Барселона џипси Балкан оркестра (Barcelona Gipsy balKan Orchestra BGKO) бендот кој на 11 декември ја закажа премиерната дружба со македонската публика.

И како вели народната – ако баба лаже… Еве доказ, и тоа видео. Маргерита абита пее, а публиката во транс:

 

Концертот на БГКО е закажан во Македонската Филхармонија, со почеток во 20 часот, а екипата доаѓа во Скопје во рамки на концертната турнеја по повод јубилејната 10. година од основањето.

Меѓу нивните интерпретации на традиционални песни од сите краишта на светот освен, како што велат, безвременскиот класик, нашата „Море сокол пие“, се и „Македонско девојче“ и веселата и ритмична румба на кралицата на ромската песна Есма Реџепова – Теодосиевска „Калеја Јаца“.

Билетите веќе се пуштени во продажба преку продажната мрежа на МКтикетс, и тоа во три категории и по цена од 1.000 и 1.200 денари, како и 1.500 денари за ВИП влезниците.

 

 

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата