Царовска треба кривично да одговара што турка образование без учебници за да направи дигитализација од над 100 милиони евра, толку се неспособни што ниту свидетелства не може да поделат.

Царовска се закануваше и додека беше министер во МТСП за наводни злоупотреби во пензискиот фонд од кои не испадна ништо само гол маркетинг.

Царовска не си ја врши работата ниту за која е платена. Училиштата под неа ниту свидетелства не можат да обезбедат, па ги тераат децата да ги плаќаат.

Царовска ја утна цела учебна година. Додека таа се учи како да биде министер за образование цела генерација ученици е уништена.

Учебната година почна подоцна, не се слушаа учениците и родителите во за матурата, а на крај Царовска сака да ги укине и учебниците.

Се што прави Царовска е интерес, партиски и личен, а не државен. Проектот за таканаречена дигитализација чини над 100 милиони евра, а тој е далеку од реална дигитализација, туку обични пдф учебници.

За разлика од Царовска, ВМРО-ДПМНЕ 9 години по ред набавуваше и го спроведуваше проектот „Учебник за секое дете“. ВМРО-ДПМНЕ им помогна на децата и родителите и се бореше против дискриминацијата, а Царовска и СДСМ ја зголемуваат.

Интересот на Царовска за таканаречена дигитализација покрај за тендерот од над 100 милиони евра е и за можноста за бришење на содржината на предметите историја и географија, што веќе и го најавија.

Царовска спроведува се, само реформа не. Да ставиме крај на поделбите, на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и втор ред. Македонија на сите луѓе!, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ