Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош

20.03.2019
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Привремен сообраќаен режим на дел од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош

Град Скопје ги известува граѓаните дека од 7 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај делот од булеварот Христијан Тодоровски – Карпош, на потегот од улицата Ферид Бајрам до улицата Боца Иванова, поради изведување градежни активности за асфалтирање на коловозот. За време на градежните работи, сообраќајот во овој дел од градот ќе биде пренасочен по околната улична мрежа.

Сообраќајот на оваа делница, додека траат градежните активности, ќе го регулираат и униформирани полициски службеници или други овластени службени лица. Од Град Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на привремено поставениот сообраќаен режим, да ја почитуваат поставената патна сигнализација и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата