Речиси 117.000 луѓе се евакуирани во Казахстан поради невидените поплави (ВИДЕО)

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Речиси 117.000 луѓе се евакуирани во Казахстан поради невидените поплави (ВИДЕО)

Околу 16.000 луѓе веќе се вратиле во своите домови, се вели во соопштението на министерството, бидејќи водата се повлекла во некои региони, пренесува Ројтерс.

Продолжуваат евакуациите во регионите на Северен Казахстан, Актобе и Западен Казахстан, се прецизира во соопштението.

Претседателот на Казахстан, Касим-Јомарт Токаев изјави дека следните десет дена од борбата со поплавите ќе бидат најкритични, соопшти вчера прес-службата на Претседателството.

Зголемувањето на нивото на водата во реките Тобол и Ишим во северниот дел на Казахстан доведе до поплави.

Минатиот викенд вода се излеа од браната во Петропавловск и поплави дел од градот.

Инаку, овие реки се замрзнати од ноември до април, а водостојот на пролет достигнува високо ниво, што годинава го промени невообичаено наглото топење на мразот и снегот.

Казахстанските власти објавија дека сегашните поплави се најлошите во последните 80 години.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата