Невреме со грмотевици и силен ветер во западна, централна и јужна Турција

20.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Невреме со грмотевици и силен ветер во западна, централна и јужна Турција

Жолто ниво за опасно време придружено со невреме и обилни врнежи за денеска објави Турската метеоролошка служба за вкупно 45 окрузи во земјата.

Во Анкара врне обилен дожд, придружен со силен ветер.

Во Истанбул, поради силниот ветер, откорнати се дрвја, а причинета е материјална штета на автомобилите паркирани наоколу, јавува турската телевизија НТВ.

Во морето кај Измир се формираше торнадо.

Брзината на ветрот достигна 118 км/ч во туристичкото место Кемер во Анталија, каде во  невремето паднаа дрвја, јави ТВ НТВ.

Ситуацијата во округот Анталија останува сложена. Во морето се формираа големи бранови, а во голем број населени места во околината обилниот дожд предизвика проблеми во сообраќајот. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата