НАТО обучува воени кадети во Узбекистан

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАТО обучува воени кадети во Узбекистан

Персоналот на НАТО одржа обука на повеќе теми за кадетите за време на посетата на специјализиран армиски центар за обука во земјата, се наведува во соопштението од узбекистанското Министерство за одбрана.

Предвидено е обуката да трае до 20 април.

Узбекистан е поранешна советска република, кој има блиски врски со Русија, а изминатите години имаше и повеќе разговори за зајакнување на економската соработка со Талибанците од Авганистан.

НАТО редовно одржува обуки во земји кои не се членки на Алијансата и во држави кои соработуваат со Русија. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата