Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

23.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лавров се закани: Западот опасно си приближува до директен воен судир меѓу нуклеарните сили

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров испрати порака преку видео врска на конференција во Москва, каде предупреди дека рамнотежата на односите може опасно да биде загрозена, пишува „Експрес“.

„Западњаците опасно се приближуваат до работ на директен воен конфликт меѓу нуклеарните сили, што би имало катастрофални последици“, рече тој.

Реакцијата доаѓа откако американскиот Претставнички дом конечно го усвои долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари за Украина, што предизвика лут одговор од Русија. Во саботата, американските пратеници го одобрија пакетот, кој сега ќе оди во Сенатот во кој доминираат демократите, откако се соочија со жестоко противење од тврдокорните републиканци во Претставничкиот дом.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во изјавата пренесена од руските државни новински агенции, рече: „Одлуката ќе ги направи Соединетите држави побогати, дополнително ќе ја уништи Украина и ќе резултира со смрт на уште повеќе Украинци, за сето тоа е виновен режимот во Киев“.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова го повтори истото мислење на Телеграм: „Американската воена помош за Украина, Израел и Тајван ќе ја влоши глобалната криза“.

Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, рече дека одобрувањето на новата помош за Украина е „русофобично“ и дека ќе го зголеми бројот на жртвите од војната.

На Телеграм исто така порача. „Не можам со сета искреност да посакам САД да се втурнат во уште една граѓанска војна што е можно поскоро.“

Предлог-законот се очекува да биде одобрен кон крајот на оваа недела, по што се очекува претседателот Џо Бајден да го потпише и да стане закон.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата