ЕУ го забрани името „Пабло Ескобар“ како трговска марка

18.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕУ го забрани името „Пабло Ескобар“ како трговска марка

Порториканска компанија поврзана со семејството на Ескобар поднесе барање во септември 2021 година да го регистрира името на озлогласениот колумбиски наркобос како заштитен знак за своите стоки и услуги во ЕУ. Во меѓувреме, и Канцеларијата за интелектуална сопственост на ЕУ (ЕУИПО) одби да ја прифати регистрацијата на брендот, затоа што „за европската јавност тоа е спротивно на вредностите на ЕУ“, се вели во образложението.

„ЕУИПО го одби барањето за регистрација со образложение дека ознаката е спротивна на јавната политика и ги прифати моралните принципи“, се вели во соопштението на Судот, и се додава дека ЕУИПО се потпира на „гледиштето на шпанската јавност каде што Ескобар е најпознат поради поврзаноста меѓу Шпанија и Колумбија“. 

Според барателите, пак, имињата како Бони и Клајд, Ал Капоне и Че Гевара веќе се регистрирани како заштитен знак во ЕУ, па следствено - и за „Пабло Ескобар, кој поради неговите многубројни добри дела за сиромашните во Колумбија, стана митска фигура во мејнстрим популарната култура“, треба да важи истото. Аргумент повеќе е тоа што Ескобар не е судски осуден криминалец.

Според Судот, „фундаменталното право на презумпција на невиност на Пабло Ескобар не е повредено бидејќи, иако тој никогаш не бил кривично осуден, во Шпанија јавноста го доживува како симбол на организираниот криминал и бројни злосторства“.

Ескобар, убиен во 1993 година, беше сметан за водач на озлогласениот картел во Меделин и со десетлетија важеше за еден од водечките и најбогати криумчари на кокаин во светот. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата