Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

20.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган во Истанбул се сретна со лидерот на Хамас, Ханија

Не се соопштуваат повеќе детали за средбата која се одржува зад затворени врати во претседателската резиденција.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан пред неколку дена се сретна со  Ханија во Доха, каде разговараа за последните случувања во конфликтот во Газа, соопштија дипломатски извори.

Фидан и Ханија, заедно со неговата делегација, разговараа за теми поврзани со хуманитарната помош во Појасот Газа, напорите за прекин на огнот и прашањето за заложниците, велат изворите. /МИА

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата