Активистка на „Пуси Рајот“ во Русија е осудена на шест години затвор поради објави за Украина

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Активистка на „Пуси Рајот“ во Русија е осудена на шест години затвор поради објави за Украина

Штајн (27) била прогласена за виновна за ширење „воени фалсификати“ во врска со објавата на „Х“ во март 2022 година во која таа ги обвини руските војници за „бомбардирање на странски градови и убивање луѓе“, објави денеска рускиот независен портал „Медиазона“.

Најмалку 19.855 луѓе се приведени во Русија поради изразување антивладини ставови од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, според ОВД-Инфо, група која ја следи репресијата на дисидентите.

Оние кои ќе бидат прогласени за виновни за ширење „лажни информации“ за руската војска може да добијат казна затвор до 10 години.

Судот во Москва одлучи дека Штајн, која беше заменик советник во Москва до 2022 година, ќе почне да ја отслужува казната кога ќе биде екстрадирана во Русија.

Штајн избегала од домашен притвор во Москва неколку недели по почетокот на војната во Украина.

Заедно со нејзината колешка од Пуси Рајот, Марија Аљохина, таа побегнала прво во Литванија, а потоа во Исланд, каде што добија државјанство во мај 2023 година.

Обвинителите побарале таа да биде осудена на осум и пол години затвор, објави АНСА.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата