Сопругата на фудбалерот Серхио Рамос откри колку пати неделно води љубов со сопругот

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Сопругата на фудбалерот Серхио Рамос откри колку пати неделно води љубов со сопругот

46 годишната Пилар Рубио има специфичен стил на облекување, привлечноста најчесто ја истакнува со облеката, а речиси секогаш е во одлична форма. Со сопругот славиот фудбалер Серхио Рамос, таа спаѓа во групата на најпознатите парови во Шпанија и светот.

Нивниот брак трае од 2019 година и им донесе четири сина. Се знае за познатиот тандем, а она што не се знаеше за нејзиниот брак со осум години помладиот Рамос, Пилар Рубио го откри како гостин во емисијата „La Resistencia“, контроверзниот шпански водител Дејвид Бронкан, познат по интригантните прашања, какво што секако беше и прашањето кое и го постави за сопругата на Серхио Рамос.

Бронкан ја прашал колку пати неделно води љубов со сопругот.

" - Секој ден! Понекогаш неколку пати на ден. Секако, кога не сум во Мадрид на снимање на емисијата – одговорила Пилар и предизвикала реакции во студиото. Водителот продолжи: „Па, не е ни чудо што имате четири деца“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата