Жиру од идната сезона ќе игра за клуб од МЛС

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Жиру од идната сезона ќе игра за клуб од МЛС

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру ќе го менува клубот по завршување на сезоната. Според новинарот Фабрицио Романо, Жиру, чиј договор истекува ова лето, како слободен фудбалер ќе се пресели во ФК Лос Анџелес. Двете страни имаат устен договор кој се очекува на крајот на сезоната да го стават на хартија и да го потпишат.
Наводно, двете страни се договорени за соработка до декември 2025 година.
Жиру одигра 36 натпревари за Милан оваа сезона и има скор од 14 голови и 9 асистенции.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата