Во Барселона веќе немаат дилеми кој ќе го замени Чави на клупата

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Барселона веќе немаат дилеми кој ќе го замени Чави на клупата

Се повеќе медиуми блиски до Барселона гласно зборуваат за тоа кој ќе биде наследникот на Чави следната сезона на клупата на Барса. Во оптек е името на поранешниот играч на Барселона и актуелен тренер на Б тимот, Рафа Маркез, кој со голема веројатност следната сезона би требало да ја преземе функцијата главен тренер.

Со испаѓањето од Лигата на шампионите згаснаа и последните шанси Чави Ернандез да остане тренер на Барселона и следната сезона. Одлуката за негово заминување всушност е стара неколку месеци, но имаше неколку опции во кои страните би се предомислиле.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата