Тухел: Во првото полувреме изгледаше како да играме шах!

18.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Тухел: Во првото полувреме изгледаше како да играме шах!

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел има право на големо задоволство бидејќи неговиот тим се пласираше во полуфиналето во Лигата на шампиони. Баварскиот гигант на реваншот славеше со 1-0 портив Арсенал, првиот меч заврши 2-2, па со вкупни 3-2 патуваат во следната рунда.

„Тежок меч, тежок противник. Оваа победа ми значи многу. Во првото полувреме изгледаше како да играме шах, никој не сакаше да го направи првиот потег, да направи грешка. Во второто полувреме беше значително подобро, покажавме храброст и заслуживме да победиме на крајот. Горд сум на перформансите на тимот“, рече Тухел, кој по третпат во својата кариера ќе игра полуфинале во ЛШ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата