Репрезентациите ќе добијат дозвола да носат по 26 играчи на Евро 2024

23.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Репрезентациите ќе добијат дозвола да носат по 26 играчи на Евро 2024

УЕФА ќе им дозволи на репрезентациите да ја прошират листата на фудбалери кои ќе патуваат на Евро 2024.

Според Sky Sports, делегатите на УЕФА во понеделникот гласале за проширување на бројот на играчи во националните тимови од 23 на 26 играчи.

На почетокот на април тренерите на репрезентациите се изјаснија за проширување на апликацијата за ЕП 2024. Иницијатива за таа цел беше предложена на состанокот одржан во Дизелдорф на почетокот на април.

Претходно, УЕФА им дозволи на селекциите да ја зголемат листата на играчи за минатото ЕП поради пренатрупаниот календар предизвикан од пандемијата со „Ковид-19“.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата