Половина од репрезентациите од Балканот ќе играат на ЕУРО 2024, но не и Македонија! (ФОТО)

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Половина од репрезентациите од Балканот ќе играат на ЕУРО 2024, но не и Македонија! (ФОТО)

Откако завршија баражите за пласман на ЕУРО 2024, сега и дефинитивно се знаат сите уесници на фудбалскиот континентален собир кој ова лето ќе се одржи од 14 јуни до 14 јули во Германија.

И пред тоа беа познати групите, но со пласманот на Грузија, Полска и Украина, сега веќе се е познато, групите се комплетираа, се знаат и сатниците, термините, сега се е јасно.

И од порано беше јасно дека Македонија нема да учествува на ова ЕУРО. Ако на минатото се перчевме поради настапот на ЕП, бевме една од трите селеции од Балканот кои беа учесници, на ова од 12 земји од овие простори, поточно од 12 репрезентации од Балканот, дури шест се пласираа на завршниот турнир, но не и Македонија. А нас не нема.

Па така Балканот ќе го претставуваат Албанија, Словенија, Хрватска, Србија, Романија и Турција. Низ баражите имаа шанси БиХ и Грција, но ете не успеаја, а во аут се и Црна Гора, Бугарија, Косово и како што рековме веќе Македонија.

Секако дека ова е голем успех за фудбалот на овие простори, од три селекции на ЕУРО 2020 се зголеми бројката на шест за 2024.

Но тоа нас не треба да не интересира премногу ако веќе не сме дел од најдобрите во Европа.

Инаку ова се сите 24 репрезентации по групи кои ќе играат на ЕУРО 2024:


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата