Перез дотрча кај Бразилците, на новото засилување му порача: Те чекаме тука!

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Перез дотрча кај Бразилците, на новото засилување му порача: Те чекаме тука!

По спектакуларното реми 3-3 помеѓу Шпанија и Бразил на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, се случи емотивна средба. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, се сретна со своите Бразилци Винисиус Жуниор, Родриго и новото засилување Ендрик.

Шефот на кралскиот клуб срдечно му честиташе на младиот бразилски напаѓач, кој пред неколку дена стана најмладиот стрелец во историјата на легендарниот „Вембли“ кога постигна гол за победа над Англија ид 1:0.

„Те чекаме тука“, му рекол Флорентино Перез на 17-годишниот Ендрик, кој на лето ќе му се приклучи на Реал Мадрид. Во меѓувреме, Винисиус се шегуваше со претседателот предупредувајќи го дека доаѓа и Родриго.

Перез насмеано му честиташе на голот, додека Родриго на крајот му го даде дресот и двајцата насмеани позираа пред камерите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата