„Ме боли душата поради свирежите кон капитенот и тоа во својата држава“

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
„Ме боли душата поради свирежите кон капитенот и тоа во својата држава“

Шпанскиот национален тим играше пријателски меч со Бразил на „Сантијаго Бернабеу“ и не успеа да победи. По мечот селекторот Луис де ла Фуенте беше разочаран од односот на навивачите на трибините кои капитенот на „фуријата“ Алваро Мората.
Искрено, ме боли душата поради свирежите упатени кон нашиот капитен и тоа во неговата држава. Разочаран сум. На крајот, секогаш има луѓе кои ќе коментираат. Атмосферата на „Бернабеу“ беше одлична, но како Шпанец се срамам кога на некој наш играч му свират. На секој од нас работа е да ги учиме луѓето да го поддржуваат националниот тим. Кога се навива за репрезентација тогаш не треба да ги мешаме клубовите. Тоа е исто и работа на новинарите на прес-конференцијата. Работиме заедно за доброто на репрезентацијата, клубовите не ги споменуваме на вакви натпревари“, изјави Де ла Фуенте.

Свирежите кон Мората се поради тоа што навивачите на Реал го сметаат за предавник. Тој се појави како фудбалер на Реал Мадрид каде што играше за младинските категории и првиот тим. Во 2019 година отиде во лутиот ривал на Реал, Атлетико Мадрид каде што се уште игра.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата