ЛШ: Кимих го однесе Баерн (М) во полуфинале, продолженија на „Етихад“ (ВИДЕО)

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЛШ: Кимих го однесе Баерн (М) во полуфинале, продолженија на „Етихад“ (ВИДЕО)

Баерн (М) со победа од 1:0 над Арсенал обезбеди место во полуфиналето на Лигата на шампионите. Херој на Германците беше Џошуа Кимих со голот во второто полувреме.

Дуелот меѓу Манчестер Сити и Реал (М) не донесе победник ни по вечерашните 90 минути. По оние 3:3 од „Сантијаго Бернабеу“, европските гиганти вечерва одиграа 1:1 на „Етихад“, па мечот оди во дополнителни 2х15 минути.

Фудбалерите на Реал (М) во првата шанса во првото полувреме успеаја да дојдат до гол за водство. Родриго од вторпат успеа да погоди во 12 минута и да ги донесе Шпанците во водство, кое успеаја умешно да го сочуваат до крајот на полуремето. Манчестер Сити откако прими гол комплетно го притисна противникот, креираше многу шанси, но не успеа да погоди.

Ништо не се промени и во второто полувреме. Манчестер Сити напаѓаше, Реал беше во комплетна дефанзива. Додека „граѓаните“ редеа шанси, Реал не успеваше да создаде посериозна прилика за гол. Во целата таа бркотница во шеснаесетникот на Лунин, среќата ги посака домашните во 76. минута, кога Де Брујне собра еден отпадок од Ридигер и го смести над главата на Лунин во мрежата на гостите за 1:1.

Баерн (М) вечерва беше подобар противник од Арсенал, па и можеби заслужи да оди во полуфиналето. Единствениот гол за одлука баварците го постигнаа во второто полувреме, откако во првиот дел имаа неколку извонредни шанси кои Раја, голманот на Арсенал успеваше да ги одбрани.

Сепак, по една одлично изградена акција и двојно уфрлување во шеснаесетникот на Англичаните, Кимих во 63. минута со глава ја погоди мрежата на Арсенал и му донесе водство и победа на својот тим, вредна нов пласман во полуфиналето на ЛШ.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата