Лео Меси: Знам кога ќе се пензионирам!

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Лео Меси: Знам кога ќе се пензионирам!

Лео Меси спред многумина фудбалски фанови е најдобриот играч во историјата. Секако дека освојувањето на СП во Катар беше круна на неговата блескава кариера, го освои пехарот што му недостигаше.

Сепак, сите се прашуваат актуелниот член на Интер Мајами до кога има намера да ја продолжи својата кариера, ако се знае дека во јуни ќе наполни 37 години.

Знам кога ќе се пензионирам. Во оној момент кога сам ќе почувствувам дека нема да бидам на потребното ниво, кога нема да уживам додека сум на теренот, дека не можам да им помогнам на моите соиграчи, тогаш ќе се повлечам, тогаш ќе одам во пензија. Знам дека ќе дојде тој ден, но искрено сеуште не сум размислувам што ќе правам после тоа, откако нема веќе професионално да играм фудбал“ рече покрај другото деновиве Лео Меси.

Секако дека негова желба е а и желба на неговите фанови, посебно во Аргентина, е тој да ги предводи “гаучосите“ на СП 2026, па потоа да му каже збогум на фудбалот, барем како играч.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата