Кејн: Баерн може да ја освои Лигата на шампиони

18.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кејн: Баерн може да ја освои Лигата на шампиони

Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн зборуваше по победата на неговиот тим од 1-0 против Арсенал во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Баварците се пласираа во полуфиналето, а фудбалерот поренцира дека тој и соиграчите ќе стигнат до самото финале на турнирот и да триумфираат на него.

„Неверојатна победа. Тоа беше тешка сезона за нас. Моравме да се бориме. Знаевме дека можеме да ја направиме разликата со нашите навивачи дома. Кимих постигна одличен гол. Да се ​​пласираме во полуфиналето е големо достигнување за нас и можеме да бидеме среќни поради тоа. На полувремето си кажавме дека сакаме да го зголемиме темпото, да бидеме агресивни. Имавме неколку удари надвор од целта и можевме да си ги олесниме работите, но овие натпревари се секогаш тешки и мораме да ги поминеме. Ќе се обидеме да ја освоиме Лигата на шампионите“, изјави Кејн.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата