Јапонецот од Ајнтрахт (Ф) реши да оди во пензија

17.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Јапонецот од Ајнтрахт (Ф) реши да оди во пензија

Со наполнети 40 години и одиграни повеќе од 800 натпревари, јапонскиот фудбалски интернационалец Макото Хасебе најавува завршување на активната фудбалска кариера.

40-годишниот Јапонец најави дека со завршницата на сезоната ќе оди во пензија.

Хасебе, кој е фудбалер на Ајнтрахт од Франкфурт, ја започна професионалната кариера во 2002 година, кога дебитираше за Урава Ред Дајмондс. Оттогаш, има 691 клупски натпревар за Урава, Волфсбург, Нирнберг и Ајнтрахт Франкфурт.

Тој зад себе има и 114 меѓународни натпревари во дресот на Јапонија.

Централниот бек е во Франкфурт од 2014 година, со кого го освои и Купот на Германија и Лигата на Европа.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата