Италијанецот Мареска ќе им суди на Хајдук и Динамо во Купот!

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Италијанецот Мареска ќе им суди на Хајдук и Динамо во Купот!

За само три дена (30.03 и 03.04) Хајдук и Динамо во Сплит во два наврати ќе ги одмерат силите. Хрватските гиганти прво се среќаваат во меч од ХНЛ а потоа и во Купот, и на двете средби Трајковски ќе ги пречека Ристовски и Адеми на “Пољуд“.

Од пред неколку дена се знае дека првиот меч ќе го суди Даниел Зиберт од Германија, а денеска е одлучено вториот меч да го суди Фабио Мареска од Италија. Судија кој важи за еден од најдобрите во својата земја, но и во Европа.

Ова доаѓа по одлуката на ХНС дерби средбите до крајот на сезоната да ги судат елитни судии од Европа кои ја делат правдата во ЛШ.

За еден меч тие чинат по 12.000 евра, од кои 6.000 евра добива главниот судија. Во оваа сума не се пресметани парите кои ќе ги добијат ВАР судиите.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата