Има договор: Крос во Реал Мадрид до 2025!

27.03.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Има договор: Крос во Реал Мадрид до 2025!

Се врати во репрезентацијата на Германија и ги воодушеви сите. Не е спорно дека и тоа станува збор за екстра квалитетен играч, но со Тони Крос (34) селекцијата на Јулиен Нагелсман е за класа подбра. Тоа се виде на средбите со Франција и Холандија најдобро.

Па затоа Реал Мадрид нема намера да се „игра“ и како што информира Фабрицио Романо, има договор меѓу “кралевите“ и Германецот кој деновиве ќе треба да го официјализира и ќе трае најмалку до 2025 година.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата