Фудбалски “земјотрес“: Ал Хилал во вторник ќе го потврди мега – трансферот вреден 1,2 милијарди евра!

3.06.2023
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Фудбалски “земјотрес“: Ал Хилал во вторник ќе го потврди мега – трансферот вреден 1,2 милијарди евра!

Подгответе се за фудбалски “земјотрес“ од 10 степени по Рихтер. Имено во вторник Ал Хилал од Саудиска Арабија ќе го потврди трансферот на Лео Меси вреден 1,2 милијарди евра.

Се чини полека, но сигурно станува јасно дека Барса е немоќна, ако се знае дека и раководството на Ла Лига не дозволува Меси да се врати на “Камп Ноу“, тогаш јасно е дека Лео ќе тргне по стапките на Роналдо и ќе игра за клубот кој што ќе го плаќа неверојатни 600 милиони евра по сезона, или трипати повеќе отколку што заработува Роналдо во Ал Наср.

Во “игра“ за потписот на Лео е и Интер Мајами од Флорида, клуб во МЛС, но ретко кој помислува дека Бекам и неговиот американски проект имаат било какви шанси.

Останува значи уште три дена Барса сепак да дојде до својата икона.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата