Вработената во геронтолошкиот завод е НЕГАТИВНА на Ковид-19

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вработената во геронтолошкиот завод е НЕГАТИВНА на Ковид-19

Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје, која на 24 мај преку скринингот во оваа установа е запишана со позитивен резултат, е негативна на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство.

– Кај лицето кое на 24 мај, преку скринингот во геронтолошка установа во Скопје е запишано со позитивен резултат, направен е технички превид при евиденција и согласно испрвката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и во Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг, се вели во соопштението.

Преку скринингот што почна на 13 мај досега се направени 2248 тестови. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата