<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во текот на
вчерашниот ден направивме анализа од резултатите од првиот изборен ден на
претседателските избори и истото покажува дека голем број на нашите сограѓани
Албанци, Турци, Роми и Бошњаци го имаат дадено својот глас за нашиот
претседателски кандидат Гордана Силјановска Давкова, изјави Дафина Стојаноска
носител на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ6</span>
<span lang="MK" style="mso-ansi-language:MK">Во име на тоа, од
срце им се заблагодарувам на сите мои сограѓани и ги повикувам истото да го
направат да го направат и во вториот круг имено ВМРО-ДПМНЕ подава рака кон
сите, време е, момент е да се обединиме сите околу тоа повеќе да не
функционираме како до сега, туку да вложиме да инвестираме во вистинска
слобода, вистинска благосостојба и вистински соживот особено за нас особено во
шестата изборна единица. Време е заедно да се спротивставиме на криминалот и
Македонија да ја направиме своја и горда, рече Стојаноска.</span>