РУСКОСКА: Марина немала 5.000 евра, а не па на Боки да му дава 150.000!

26.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
РУСКОСКА: Марина немала 5.000 евра, а не па на Боки да му дава 150.000!

Во денешните завршни зборови обвинителката Вилма Рускоска се осврна и на тврдењата на Бојан Јовановски на претходните рочишта дека од семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ земал пари за лекови пред да оди во Милано.

За тоа да го потврди сведочеше претходно и нејзниот сопруг Фута Радуловиќ. Тој тврдеше дека на Бојан му дале 150.000 евра за да купи лекови и гардероба за неговата болна сопруга.

Но, Рускоска вели дека тоа не е точно и оти во една прилика Туцаковиќ му побарала пари и оти тврдела дека ќе му ги врати кога ќе и дојде некој поголем хонорар.

Таа немала 5.000 евра а не па на Боки да му дава 150.000 евра-рече Рускоска.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата