Секој член на избирачки одбор ако не ги почитува законските одредби и го попречува гласањето ќе се казни со затвор до 3 години.
- Апелираме до сите членови на избирачките органи да се држат до законските одредби. Имавме пријави од неколку општини, па затоа го упатуваме овој апел и се надеваме дека избирачките органи нема да ги повторат истите грешки. Инаку, гласањето тече како што треба,<span> </span>изјави на вонредната конференција за медиумите Дитмире Шеху, потпретседателка на ДИК.
Актите на ДИК мора да се почитуваат и ќе се преземаат сите соодветни мерки за непочитување на законот и подзаконските акти, рече Шеху.