МАСОВНА ТЕПАЧКА во Кисела Вода за време на полициски час

25.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
МАСОВНА ТЕПАЧКА во Кисела Вода за време на полициски час

Вчеравечер во 21: 45 часот женско лице во полиција пријавило дека на ул. „Христо Татарчев“ 17 во Скопје имало нарушување на јавниот ред и мир со тепачка помеѓу повеќе лица.

Како што сопшти денеска МВР, околу 21: 30 часот А.Б (26) од Скопје со живеалиште на наведената адреса, физички бил нападнат од две машки лица кои живеат на истата улица и кои пред неговата куќа кршеле стаклени шишиња.

Во обид да ги спречи во нарушувањето на Јавниот ред и мир, А.Б најпрво физички бил нападнат од едното машко лице, а во негова одбрана дошол и брат му П.Б, по што на улицата излегле и неговата мајка В.Б (49) и неговата сопруга В.Б (26), сите од Скопје кои сакајќи да им помогнат, исто така физички биле нападнати од лицата, се вели во соопштението од МВР.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата