Епидемијата во Македонија е ВО ТУРБО ФАЗА! Денес 37 нови, а Заев бара утре да има избори

24.05.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Епидемијата во Македонија е ВО ТУРБО ФАЗА! Денес 37 нови, а Заев бара утре да има избори

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37  нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443. Последната дистрибуција по градови е:

•    Скопје – 713, активни 199
•    Куманово – 433, активни 34
•    Дебар – 51, активни 0
•    Штип-40, активни 5
•    Прилеп –210, активни 48
•    Тетово – 172, активни 77
•    Струга – 75, активни 8
•    Велес – 127, активни 43
•    Битола –28, активни 7
•    Охрид –23, активни 8
•    Кавадарци – 5, активни 0
•    Гостивар –21, активни 4
•    Гевгелија – 4, активни 0
•    Струмица – 3, активни 1
•    Крива Паланка- 6, активни 1
•    Радовиш – 4, активни 0
•    Крушево – 3, активни 0
•    Кочани – 31, активни 0
•    Пробиштип – 2, активни 0
•    Кичево – 2, активни 0
•    Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
•    Демир Хисар – 1, активни 0
•    Македонски Брод – 2, активни 0
•    Пехчево- 3, активни 1
•    Делчево-1, активни 0
•    Валандово -1, активни 0
•    Виница – 3, активни 1
•    Кратово-2, активни 1
•    Берово-1, активни 1
•    Свети Николе-1, активни 1

Направените 508 теста се преку: ИЈЗ –266, Ветеринарен ф-тет -21, Авицена –24, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -31  и МАНУ -117.  Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата