Јапонската тенисерка Наоми Осака е најплатена спортистка за изминатата година со заработувачка од 37.400.000 долари, пишува на листата на Форбс.

Осака за 12 месеци од награди на турнири и други спонзорски договори заработиле рекордна сума за спортистка за една година. Претходниот рекорд го држеше Марија Шарапова со заработени 29.700.000 долари во 2015 година.

Двојната гренд слем шампионка има 15 спонзорски договори меѓу кои и со компаниите Најк, Шисеидо, Нисан и Јонекс. Јапонката во 2019 година заработиле 1.400.000 долари повеќе од американската тенисерка Серена Вилијамс, која во претходните четири години беше најплатена спортистка.

Осака моментално е на 29. место на најплатени спортисти, тоа е највисоко место откако жените во 2016 година се најдоа на листата на 100 најплатени спортисти на листата на Форбс.