Болоња не го дава Мота, сопственикот му понудил нов двегодишен договор

26.04.2024
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Болоња не го дава Мота, сопственикот му понудил нов двегодишен договор

Болоња не ја изгубила надежта дека може да го задржи на кормилото и следната сезона, својот актуелен предводник Тиаго Мота. Сопственикот на клубот Џои Сапуто и директорите се убедени дека ќе го убедат Мота да остане ис ледната сезона, особено ако „рособлу“ се квалификуваат за Лигата на шампионите.

„Газета дело Спорт“ пред само два дена објави дека Болоња е подготвена да му понуди на Мота нов двегодишен договор.

Директорот на Болоња, Клаудио Фенучи неодамна зборуваше за иднината на Мота во клубот, велејќи дека е изнервиран од растечките гласини.

„Тиаго работи како да има долгорочен договор со нас“, изјави тој за Радио Серија А на 15 април.

„Не е проблем што тој сè уште не го потврдил своето патување со нас за следните години. Она што малку ме мачи се континуираните гласини и вревата околу нашите играчи. Ние сме силен клуб, еден од најдобрите во Серија А и не сакаме да ја менуваме оваа група играчи“, дополнил тој.


sportmedia.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата