Додека фудбалот во цел свет е на пауза, напаѓачот Златан Ибрахимовиќ го напушти Милано и се прибра дома во Шведска. Корона вирусот ги стави сите фудбалери во карантин, Ибрахимовиќ избега од Апенините и се прибра дома. Тој продолжи да тренира и тоа во Хамарби, во клубот во кој поседува 25% од акциите.

Во Шведска се уште нема карантин или полициски час, корона вирусот не зема замав во оваа држава. Швеѓанецот се врати во Стокхолм  и почна да тренира во Хамарби зад затворени врати.