Лидерот во англиската Премиер лига, Ливерпул ја смени одлуката за испраќање на дел од вработените во клубот на принуден одмор.

Денеска од „Енфилд“ им се извинија и на своите навивачи. Во саботата, клубот соопшти дека тие ќе ги задржуват на работа сите вработени.

Во писмото до нивните обожаватели, главниот извршен директор на „црвените“, Питер Мур вели: „Дојдовме до погрешен заклучок минатата недела и навистина жалиме за тоа“.

Тој додаде дека клубот ќе најде „алтернативни средства“ за да го платат персоналот.