Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

1.04.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска, се испишани пет пациенти. Тие биле негативни на двата контролни теста, во добра општа состојба и ќе се упатат на домашно лекување.

Со ова, вкупната бројка на излекувани пациенти од коронавирус во земјава се искачи на 17.

„Од 28-те пациенти во Дебар, коишто се наоѓаат на домашно лекување, на 11 од денеска и во следните денови им се земаат контролните брисеви. Тие се во сосем добра општа здравствена состојба, поминати се доволен број денови за да се очекува дека се негативизирани, согласно нивната состојба и согласно тоа ќе се постапи во однос на нивниот натамошен третман“, рече Филипче.

Во однос на дневната статистика, во изминатите 24 часа се регистрирани еден смртен случај и 25 новозаболени.

Со ова, информираше Филипче вкупната бројка хоспитализирани пациенти во нашата земја е 354, а вкупниот број тестирања досега во нашата земја изнесува 3.775.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата