Дезинфекција на улици во Батинци и главниот пат кон Дрисла

20.03.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дезинфекција на улици во Батинци и главниот пат кон Дрисла

За да се заштити здравјето на граѓаните на градот Скопје спроведена е акција за дезинфекција на улиците во населеното место Батинци, во близина на депонијата Дрисла.

Во акцијата е употребено специјално комунално возило за оваа намена, а извршено е миење на повеќе улици во населеното место Батинци, како и на главниот пат од раскрсницата пред влезот во Драчево до клучката за влезот во депонијата Дрисла.

Активностите за чистење и дезинфекција на јавните површини во градот се со цел да се подигне нивото на јавната хигиена и да се заштити здравјето на граѓаните од ширењето на корона вирусот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата