Двете лица кои избегаa од штипската болница се пронајдени и се ставени во изолација

29.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Двете лица кои избегаa од штипската болница се пронајдени и се ставени во изолација

Министерството за здравство информира дека двете лица кои избегале од штипската болница се пронајдени и се ставени во изолација. Тие вчера околу 14.30 часот, со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.

„По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома. Станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Република Северна Македонија на граничниот премин Табановце. Министерството за здравство будно ја следи состoјбата и продолжува редовно да ја информира јавноста“, се вели во соопштението.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата