Vivo го прикажа својот APEX 2020 концепт телефон (ВИДЕО)

28.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Vivo го прикажа својот APEX 2020 концепт телефон (ВИДЕО)

Компанијата Vivo официјално го прикажа својот APEX 2020 концепт телефон, кој требаше да дебитира во текот на MWC 2020 саемот во Барселона, а во меѓувреме беше откажан. Сепак, сега имаме увид во технологиите на кои работела кинеската компанија.

Vivo APEX 2020 концепт телефонот има едноделно куќиште, без отвори и копчиња, а се потпира на капацитативни копчиња осетливи на притисок.

Смартфонот има 6,45-инчен 2330 x 1080p FullView дисплеј, под кој е вгрaдена 16MP in-display селфи камера. На бочните страни, дисплејот има закривени рабови од 12о степени. Камерата користи 4-in-1 pixel binning за креирање 4MP снимки, а прекриена е со стакло, кое пропушта светлина шест пати повеќе од остатокот на заштитниот слој.

Системот на камери на задната страна ја сочинуваат 48MP главен сензор со гимбал механизам на стабилизација, како и 16MP перископ камера со 5x до 7.5x распон на зумирање.

Со оглед на тоа дека Vivo APEX 2020 нема портови, можно е да се полни само безжично. Vivo ова полнење го нарекува Super FlashCharge 60W, а како што му сугерира името, има јачина од 60W. Се сугерира дека батеријата од 2000mAh може да се наполни за 20 минути.

Како и останатите APEX концептни уреди, и APEX 2020 најверојатно нема да биде достапен во малопродажбата. Во прашање е концепт на она за што технологијата е способна на телефоните, што значи дека е тежок и скап за производство. Покрај наведените карактеристики, телефонот има и Snapdragon 865 чипсет, 12GB RAM, 256GB простор за складирање, како и 5G поддршка.

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата