Автобус на ЈСП во небезбедна состојба вози низ скопските улици. Со скршена врата, автобусот во ваква состојба претставува ризик и за патниците внатре, но и за минувачите и автомобилите околу него бидејќи постои можност целосно да се откорне.
Фотографијата до редакцијата на Курир ја испратил наш загрижен сограѓанин, кој овој автобус го забележал во близина на Железничката станица.