ТРАГЕДИЈА! Грипот ја зеде првата жртва во Македонија - ПОЧИНА 14 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

13.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА! Грипот ја зеде првата жртва во Македонија - ПОЧИНА 14 ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

Четиринаесетгодишно девојче е прва жртва од грипот во земјава. Ова го потврди д-р Гордана Кузмановска, епидемиолог во Институтот за јавно здравје, по информацијата добиена од Клиниката за детски болести, каде што вчера починало девојчето.

Како што наведуваат лекарите, девојчето имало и други заболувања.

Неделава има 3.600 новозаболени од грип што е најмногу досега, а вкупната бројка дистигна 10.700. Засега нема потреба за затворање на училиштата за да се спречи ширењето на грипот, велат здравствените власти.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата