Нова спортска сала во Средното училиште „Сарај“ во Скопје

10.02.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Нова спортска сала во Средното училиште „Сарај“ во Скопје

Средното училиште „Сарај“ во Скопје доби нова спортска сала. Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, рече дека спортската сала е нешто што му недостигало на ова училиште.

„Оваа сала е доказ за она што постојано го говорам, дека ако работиме сите заедно, ако имаме квалитетна меѓуинституционална соработка, ако имаме поддршка едни со други, успехот е неминовен“, рече Шилегов.

Шилегов додаде дека Градот Скопје сериозно инвестира во средните училишта затоа што тој како градоначалник верува дека иднината е на младите и дека треба да им создадат услови за квалитетно образование за тие да останат во државава.

„Ова е првата сала во град Скопје во којашто вонредно вложивме средства, во којашто има и спортски семафори и е опремена да организира и квалитетни државни спортски натпревари, со цел Сарај како општина да го внесеме на едно повисоко ниво во квалитетот на живеење во нашиот град“, кажа Шилегов.

Тој им се заблагодари на Министерството за образование и наука и Општината Сарај за поддршката за реализација на оваа капитална инвестиција.

Градот Скопје продолжува да вложува во образованието во делот на обезбедување подобри просторни и други услови за изведување на наставата и воншколските активности согласно со надлежностите на локалната самоуправа.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата