iPhone 9 ќе го задржи home копчето

29.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
iPhone 9 ќе го задржи home копчето

Последен пат кога Apple објави iPhone со home копче беше во септември 2017. година, а се работеше за iPhone 8. Оттогап, компанијата го прифати дизајнот со целосен екран и широк засек во горниот дел. Меѓутоа, home копчето би можело да се врати во текот на 2020. година.

Се појавуваа извештаи кои сугерираат дека Apple ќе објави iPhone со home копче во март оваа година и дека телефонот ќе го носи името iPhone 9. Меѓутоа, имаше и некои контрадикторни извештаи, кои тврдеа дека Apple ќе се откаже од Touch ID поддршка за iPhone 9 во корист на Face ID и поголем екран.

Најновите информации ни ги овозможува дојавувачот @evleaks, кој повторно сугерира дека iPhone 9 ќе има home копче, и дека на пазарот ќе се најде во текот на пролетта.

Претходно овој месец се појавија и рендери кои го откриваат дизајнот на iPhone 9, а се очекува дека телефонот ќе биде сличен на iPhone 8 моделот, но со многу подобрен хардвер.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата