Владата даде согласност на ММФ, ќе се отпише долгот на Сомалија од 138 илјади долари

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Владата даде согласност на ММФ, ќе се отпише долгот на Сомалија од 138 илјади долари

На денешната седница Владата даде согласност на предлогот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) нејзините членки да учествуваат во отпишување на долгот на Сомалија, откако оваа земја ја надмина долготрајната граѓанска војна и политичката криза и прави напори повторно да ја изгради економијата и покрај тешките околности со кои се соочуваат.

Со согласноста да учествува во овој процес, Владата заедно со донаторската заедница и меѓународните институции, ги отстапува своите средства во покривањето на долгот на Сомалија во висина од 138.000 долари за да испрати позитивен сигнал кон меѓународната заедница дека нашата земја има волја и е способна да се справи со меѓународните обврски, како и со обврските кои се наметнуваат со членството во меѓународните финансиски институции.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата