Општина Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

28.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Општина Аеродром со интервентни мерки против загадувањето

Соодветно со препораките на централната и градската власт, Општина Аеродром ги активира интервентните мерки поради загадувањето.

Тоа значи дека Општина Аеродром ги запира сите градежни активности на градилишта под своја надлежност, ги задолжува сопствените служби да продолжат интензивно да ги чистат јавните површини, се намалува до 50 % употребата на службените возила, продолжуваат зголемените инспекциски контроли на градилиштата и субјектите што управуваат со отпадни гуми и отпадни масла од страна на општинските инспекциски служби, работниците на отворено ќе работат од 11 до 17 часот, бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста се ослободуваат од работни обврски и се одложуваат активностите на отворено доколку не се итни.

Овие мерки се воведоа веднаш по известувањето од Министерството за животна средина дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над законски пропишаниот минимум.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата