На каталонскиот регионален лидер му е одземено пратеничкото место

27.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
На каталонскиот регионален лидер му е одземено пратеничкото место

Каталонскиот регионален парламент му го одзеде пратеничкото место на претседателот на провинцијата Квим Тора бидејќи не ги почитувал шпанските строги правила за изборна пропаганда.

Овој потег веројатно ќе предизвика гнев меѓу приврзаниците за независност на Каталонија, кои сметаат дека станува збор за неправедна одлука, пренесе АП.

На Тора ќе му биде дозволено да остане шеф на регионалната влада на Каталонија.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата