СВЕТОТ СЕ ШТИТИ, НИЕ НЕ: Македонија засега не поставува термо камери на аеродромите заради КОРОНАВИРУСОТ

25.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СВЕТОТ СЕ ШТИТИ, НИЕ НЕ: Македонија засега не поставува термо камери на аеродромите заради КОРОНАВИРУСОТ

Коронавирусот брзо се адаптира и мутира, и тешко се држи под контрола. Во Кина бројката на заболени вртоглаво расте од час во час, досега се изброени над 1300 луѓе. За десетина дена тамошните власти ќе изградат цела една болница за инфицираните во местото кое е најпогодено со заразата – градот Вухан. Во Хонг Конг, седуммилионски град прогласена е вонредна состојба.

Кинескиот претседател го свика Политбирото за вонредно да заседаваат и кинеската армија има распоредено повеќе од четиристотини лекари во местото од каде што започна да се шири вирусот. Во Европа веќе се регистрираат првите случаи – тројца пациенти се лабораториски потврдени во Франција.

Кај нас се уште не треба да се крева паника, смирувачки коментираат лекарите. Од Институтот за јавно здравје утрово објавија прирачник за патници и препораки за оние кои патуваат и се под зголемен ризик. Опасниот коронавирус има симптоми како и обичниот грип, а најверојатно се појавил на животинските пазари во Кина.

На скопскиот аеродром при влез во државата се уште нема насоки од здравствените власти да се скенира со термо-камера дали некој патник има зголемена температура и дали евентуално е носител на вирусот.

Ова е одлука на Комисијата за заразни болести донесена завчера, за Телма брифира претседателот Миле Босилковски.

Во меѓувреме, светот се ангажираше околу овој нов вирус кој се појави во најнаселената земја во светот.

На интернет има автоматски мерач на бројот на заразени, починати и оздравени од болеста. Со црвени точки на светска мапа пишува каде има луѓе кои се носители на вирусот. Болен има и во Австралија, има и во Америка. Засега светските епидемиолози имаат регистрирано 41 смртен случај.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата